Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, изрази уверување дека клубот ќе ги продолжи договорите со голманот Мануел Ноер, играчот од средниот ред Томас Милер и напаѓачот Роберт Левандовски.
– Смирени сме околу преговорите со Левандовски, Ноер и Милер. Имаме уште доволно време и играчите го знаат тоа. Левандовски разбира колку сериозно го цениме, изјави Хајнер.
Договорите на Ноер, Милер и Левандовски со Баерн важат до крајот на јуни 2023 година.