Во осминафиналната пресметка вечерва, Сацлбург беше на чекор од сензација против Баерн Минхен, но такво нешто сепак не дозволи Кингсли Коман.
Австрискиот тим водеше од првото полувреме со голот на Адаму и така беше до 90-та минута, но тогаш на вистинско место во вистинско време се најде Коман кој израмни на 1:1 по целосната иницијатива на германскиот тим.
Реваншот на „Алијанц Арена“ е закажан за 8 март.
Во вториот натпреавр од ЛШ вечера, Интер загуби дома од Ливерпул со 2:0 и е пред елиминација.