Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги пофали своите избраници за прикажаното на синоќешниот натпревар со Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите и покрај поразот со 2:0.

– Тешко е да се најдат зборови по таков пораз. Горд сум на она што го направија момците денес. Прикажавме многу добра игра, особено во првите 25 минути од вториот дел, кога очигледно заслуживме гол. Денес беше прекрасна атмосфера на „Сан Сиро“. Навивачите не поддржуваа од почеток до крај. Сакам да се извинам што не успеавме да им го дадеме резултатот на кој сите се надевавме. Но, мислам дека денеска го одигравме најдобриот натпревар во сезоната, особено ако се земе предвид кој тим го имавме за противник, изјави Инзаги.

Головите на овој натпревар ги постигнаа Фирмино и Мохамед Салах.

Реваншот ќе се одигра на 8 март.