Гренланд не е на продажба, порача денеска министерката за надворешни работи на овој најголем светски остров Ане Лоне Багер, откако медиумите објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп наводно разговарал со своите советници за купување на овој дански остров.
-Отворени сме за работење, но не сме на продажба, наведе таа за британските медиуми.
Претходно „Вол стрит џорнал“ објави дека Трамп е заинтересиран за купување на Гренланд од Кралството Данска, а данските политичари со потсмев експресно реагираа на оваа идеја.
Британските медиуми пренесуваат дека Арктикот е во агендата на состанокот на американскиот претседател со премиерите на Данска и Гренланд, при неговата посета на Копенхаген, закажана за септември.
Гренланд е смрзнат остров во состав на Кралството Данска и има површина од 2. 166.086 владратни километри.