Американскиот претседател Џо Бајден вчера апелираше до приватните компании да побараат од своите вработени да се вакцинираат против Ковид-19, неколку часа откако Агенцијата за храна и лекови (ФДА) одобри целосна употреба на вакцината на Фајзер/Бионтек за лица над 16 години.

На брифингот во Белата куќа, Бајден ги повика компаниите „да излезат со барања за вакцини што ќе опфатат милиони луѓе“, објави Ен Би Си Њуз.

– Ако сте сопственик на приватна фирма, непрофитен лидер, државен или локален лидер кој чекал одобрување од ФДУ за да побара вакцинација, ви велам – сега е време да го направите тоа. Барајте вакцинација, истакна Бајден.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека Министерството за одбрана ќе издаде ново упатство за задолжителна вакцинација на припадниците на армијата.