Американскиот претседател Џо Бајден денеска би требало да го забрани увозот на руска нафта, природен гас и јаглен во САД, според три извори запознати со оваа одлука.

Се очекува САД да го направат ова еднострано, без своите европски партнери, поради несогласување меѓу европските нации околу тоа дали треба да се забрани руските енергенти, пишува Си-ен-ен.

Дека Бајден ќе го забрани увозот на руските енергенти објавија и Блумберг и АП.

САД увезуваат околу 8 отсто од своите потреби на нафта од Русија.

Обраќањето на американскиот претседател се очекува да се случи денес попладне.