Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден, заедно со неговите претходници Џорџ Буш помладиот, Бил Клинтон и Барак Обама, со сопругите Лора, Хилари и Мишел, на Националните гробишта во Арлингтон положија венци на Гробот на непознатиот војник, јави Си-Ен-Ен.

Во Арлингтон делегацијата од актуелниот и поранешните претседатели беше пречекана со почесни плотуни.

По инаугурацијата, Бајден заедно со припадници на војската од источното крило на Капитол учествуваше во дефилето на подготвеноста на американските воени единици.

Дефилето е воена традиција која го рефлектира мирниот трансфер на власта врз новиот врховен командант.