Единствената алтернатива освен санкциите за Русија да биде казнета за инвазијата врз Украина е да се започне трета светска војна, вели американскиот претседател, кој вчера одобри санкции лично кон претседателот Путин и неговиот прв дипломат Лавров.

-Имате две опции. Да ја започнеме третата светска војна и да влеземе во војна со Русија, физички. И второ е да се осигураме дека земјата која се однесува толку спротивно на меѓународното право ќе плати за она што го направи. Нема санкција која е моментална. Не е како да можеш да санкционираш некого и да кажеш дека веќе нема да си претседател на Русија. Но, мислам дека овие санкции, знам дека овие санкции се најшироки санкции во историјата и економски санкции и политички санкции. Целта од самиот почеток ми беше да ги задржам и НАТО и ЕУ на иста страница. Затоа што мислам дека Путин мислеше дека ќе може да го подели НАТО создавајќи голема решетка за да може да помине низ неа.

Со желбата да го раздели НАТО, Путин го произведува токму спротивниот ефект, вели Бајден.