Во Украина борбите не престануваат, има се повеќе жртви. Граѓаните ја напуштаат државата, функционерите повикуваат на преговори.

Русите тврдат дека Зеленски го напуштил Киев. Сликата од погодената станбена зграда во центарот на Киев го обиколува светот.

Светот им се заканува на Русија и Путин со тешки санкции. Путин засега не реагира. Не како што се надеваше Западот. Во меѓувреме, Украинците се обидуваат да се спротивстават на нападот на руските сили.

Експлозии одекнуваат во Киев ВИДЕО

Руските трупи се приближуваат до Енергодар. Ракетни фрлачи со повеќе цевки „Град“ се насочени кон електраната Запорожје, пренесоа украинските медиуми.