Американскиот претседател Џо Бајден за време на денешното обраќање до јавноста директно му се обрати и на украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека тој денеска слави роденден. -Ние сме со вас колку што е потребно, рече тој, директно обраќајќи му се на Зеленски.

Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин очекувал дека поддршката на САД за Украина ќе опаѓа со текот на времето. – Тој погреши, истакна Бајден.

– Ние сме обединети. Америка е обединета, исто како и светот, рече Бајден, додавајќи дека одлуката за испраќање тенкови Абрамс во Украина е „дополнителен доказ за непоколебливата поддршка за Украина“.