Американскиот претседател Џо Бајден денеска нагласи дека САД и нивните сојузници „ќе ја продолжат дипломатијата“ со Русија, но предупреди дека се уште постои „голема можност“ за руска инвазија врз Украина.
„САД се подготвени, што и да се случи. Ние сме подготвени со дипломатија, да се вклучиме во дипломатија со Русија и нашите сојузници и партнери за да ја подобриме стабилноста и безбедноста во Европа како целина. И ние сме подготвени одлучно да одговориме на руски напад за Украина, што се уште е голема можност. Сите настани од последните неколку недели и месеци, тоа беше нашиот пристап и останува наш пристап сега“, рече претседателот на САД во изјава во врска со руско-украинската криза.
„Се уште немаме потврдено дека руските воени единици се враќаат во своите матични бази. Навистина, нашите аналитичари укажуваат дека тие остануваат во многу заканувачки став“, рече американскиот претседтаел.
Бајден рече дека САД не ги потврдиле руските тврдења дека некои воени единици распоредени долж украинската граница ги завршиле вежбите и се вратиле во своите бази и нагласи дека американските аналитичари веруваат дека 150.000 војници што Москва ги собрала долж нејзината западна граница се уште можат да извршат напад по кратко известување.
Доколку Русија изврши инвазија, предупреди тој, САД се „подготвени да тргнат“ со санкции. Сепак, рече Бајден, „треба да и дадеме на дипломатијата секоја шанса да успее“.
– Ако Русија навистина изврши инвазија во наредните денови и недели, човечката цена за Украина ќе биде огромна. А стратешкиот трошок за Русија исто така ќе биде огромен. Ако Русија ја нападне Украина, ќе наиде на огромна меѓународна осуда. Светот нема да заборави дека Русија избра непотребна смрт и уништување, рече американскиот претседател во изјавата од Белата куќа.
-Инвазија врз Украина ќе се покаже како самонанесена рана. САД, нашите сојузници и партнери ќе одговорат одлучно. Западот е обединет.
Бајден јасно стави до знаење дека САД не се обидуваат да ја зголемат нестабилноста.
-Дозволете ми да бидам подеднакво јасен за она што не го правиме: САД и НАТО не се закана за Русија, рече Бајден.
– Украина не и се заканува на Русија. Ниту САД, ниту НАТО немаат ракети во Украина. Ние немаме, немаме планови да ги ставиме и таму. Не го таргетираме народот на Русија. Не сакаме да ја дестабилизираме Русија. До граѓаните на Русија: вие не сте наш непријател. Не верувам дека сакате крвава, деструктивна војна против Украина.
Конфронтација во Европа ќе го наруши енергетскиот пазар во САД
Ако Русија одлучи да ја нападне Украина, тоа ќе има последици врз енергетскиот пазар на САД, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден.
– Американскиот народ треба да знае дека одбраната на слободата и демократијата имаат цена. Нема да кажувам дека ова би било безболно, но ќе влијае на цените на енергенсите, истакна Бајден.
Тој додаде дека затоа САД прават чекори за намалување на притисокот врз енергетскиот пазар во земјата.
– Во разговор сме со произведувачите за да се намалат цените на горивата… Ова е причина и за обединување на републиканците и демократите, посочи Бајден.
Тој додаде дека ќе поднесе иницијатива во Конгресот за обезбдување енергетска сигурност во САД, во случај на конфронтација во Европа.
– СНе бараме конфронтација со Русија. Но нека е јасно, ако Украина биде нападната, ќе одговориме со полна сила. Ако Русија ги нападне САД или нашите сојузници преку асиметрични начини како кибер напади против нашите компании или врз критичната инфраструктура, подготвени сме да одговориме, укажа Бајден.
Во име на заедничката иднина што Русија и Америка ја делат, рече тој, треба да се одбере дипломатија.
САД се подготвени за секакво сценарио, но ќе продолжиме со дипломатијата
Американскиот претседателот, Џо Бајден во денешното обраќање по повод руско-украинската криза истакна дека сè уште постои голема можност за руски напад врз Украина, но оти САД и партнерите ќе „продолжат со дипломатија“.
– САД се подготвени, што и да се случи. Ние сме подготвени со дипломатија, да се вклучиме во дипломатија со Русија и нашите сојузници и партнери за да ја подобриме стабилноста и безбедноста во Европа како целина. И ние сме подготвени одлучно да одговориме на руски напад за Украина, што сè уште е голема можност. Сите настани од последните неколку недели и месеци, тоа беше нашиот пристап и останува наш пристап сега, истакна Бајден.
Тој наведе дека сè уште нема потврда дека руските воени единици се враќаат во своите матични бази, наведе американскиот претседател.
Бајден повтори дека доколку Русија изврши инвазија, САД се подготвени да воведат санкции.
– Ако Русија навистина изврши инвазија во наредните денови и недели, човечката цена за Украина ќе биде огромна. А стратешкиот трошок за Русија исто така ќе биде огромен. Ако Русија ја нападне Украина, ќе наиде на огромна меѓународна осуда. Светот нема да заборави дека Русија избра непотребна смрт и уништување, потенцира Бајден.
Тој јасно стави до знаење дека САД не се обидуваат да ја зголемат нестабилноста.
– Дозволете ми да бидам подеднакво јасен за она што не го правиме: САД и НАТО не се закана за Русија. Украина не и се заканува на Русија. Ниту САД, ниту НАТО немаат ракети во Украина. Ние немаме, немаме планови да ги ставиме и таму. Не го таргетираме народот на Русија. Не сакаме да ја дестабилизираме Русија. До граѓаните на Русија: Вие не сте наш непријател. Не верувам дека сакате крвава, деструктивна војна против Украина, наведе Бајден.
Тој наведе и дека конфронтација во Европа ќе го наруши енергетскиот пазар во САД.
– Американскиот народ треба да знае дека одбраната на слободата и демократијата имаат цена. Нема да кажувам дека ова би било безболно, но ќе влијае на цените на енергенсите, истакна Бајден.
Тој додаде дека затоа САД прават чекори за намалување на притисокот врз енергетскиот пазар во земјата, се разговара со произведувачите за да се намалат цените на горивата … Ова е причина и за обединување на републиканците и демократите, посочи Бајден.
Тој додаде дека ќе поднесе иницијатива во Конгресот за обезбедување енергетска сигурност во САД, во случај на конфронтација во Европа.