Американскиот претседател Џо Бајден изјави синоќа дека ќе биде „тешко“ да се постигне прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа пред Рамазан на почетокот на следната недела. „Ќе биде тешко“, им рече Бајден на новинарите, кои го прашаа дали е веројатно да се постигне договор пред месецот на муслиманскиот пост.

Тој, исто така, додаде дека е „многу“ загрижен за насилството што може да избие во Источен Ерусалим, палестинска територија анектирана и окупирана од Израел, за време на Рамазан.

Хамас синоќа објави дека нема да направи „никаков компромис“ за своите барања за траен прекин на огнот во Појасот Газа и повлекување на израелските војници во замена за каков било договор за ослободување на заложниците.