Американскиот претседател Џо Бајден заедно со сопругата Џил синоќа беа во Филаделфија и работеа неколку часови како волонтери во организација за донации на храна, по повод празникот Мартин Лутер Кинг, кој денеска се одбележува во САД.
Патувањето беше во позадина на повиците на претседателот Конгресот да го усвои законот за избирачки права и да се одобрат дејства за борба со растечкиот екстремизам.
Посетата на Бајден во Филаделфија се случи неколку часови откако Федералното биро за истраги изврши акција во синагога во Коливил, Тексас, и ослободи тројца заложници по десетчасовна конфронтација. Уште еден заложник беше ослободен претходно.
Во врска со ова Бајден вети дека „ќе се спротивстави на антисемитизмот и растот на екстремизмот“ во САД.
Претходно, во соопштение од Белата куќа претседателот предупреди од самодоволност во однос на заштита на малцинските права и посочи за важноста од продолжување на работата на Кинг. Според него, тоа треба да биде изразено со усвојуваање закон за избирачки права и одбивање на идеите за предност на белата раса и другите форми на екстремизам.
– Треба да ги заштитуваме со труд од него постигнатите успеси и да ја продолжиме неговата незавршена работа. Затоа, Конгресот треба да го усвои федералниот закон за заштита на правото на глас – право кое е загрозено од злотворна комбинација на поттиснување на избирачите и поткопување на изборите. Ние треба да се спротивставиме на камшикот на расизмот и предноста на белата раса, дамки на нашата земја – и да не даваме Америка да стане прибежиште на омразата, се вели во изјавата.
Се додадва дека Владата треба ја брани како политичката така и економската еднаквост.