Силно снежно невреме го погоди источниот дел на САД, поради што дојде до прекин на електричната енергија. Повеќе од 200.000 домаќинства во Џорџија, Северна и Јужна Каролина се без струја.

Властите ги предупредија граѓаните да се воздржат од патување поради лошите временски услови. Откажани се 3.000 летови, а 8.000 полетале со доцнење.

Снежното невреме стигна и до Канада, каде за само неколку часа паднаа 20 до 40 сантиметри снег.