Во недостиг на сопствена работна сила на Балканот, се отвораат вратите за работници од Таџикистан, Индија, Куба, Бангладеш, Кина и Русија, објави ТВ Сител.
„Во Србија со визи и работни дозволи овие луѓе се вработуваат во угостителството, градежништвото, ИТ секторот, сфери каде дефицитот на работници е најголем. Со слична ситуација се соочува целиот регион. Македонија не е исклучок. Недостигаат општи работници, инженери, угостиели, но затоа има суфицит во педагошките занимања“, се наведува во прилот на ТВ Сител.
Од една страна, се додава натаму, имаме голем недостиг на работна сила, а од друга страна кај зголемените вештини доминираат суфицитарните јазови, така што за занимањата од педагошките факултети за едно работно место има дури 75 невработени лица. Дефицитарни јазови се за општи работници, но и за услужните дејности.
Видео прилогот на ТВ Сител може да го отворите ТУКА.