Снегот кој повеќе од 24 часа паѓа на територијата на речиси целиот Балкан, предизвикува проблеми во сообраќајот и застои на повеќе патни правци.
Во поголемиот дел од Србија во сила е црвен метео аларм, поради очекуваните нов снежни врнежи, пред се во јужните, централните и западните делови на земјата.
Формираната снежна покривка е со дебелина меѓу 15 и 30 сентиметри, а наместа достигнува и до 40 сантиметри, што предизвикува проблеми во одвивањето на сообраќајот, псобно во планинските подрачја.
Во Бугарија, поради снежните врнежи има забрана за движење на сите моторни возила на неколку патни правци во реонот на Смолјан и Пловдив во јужниот дел на земјата.
Во Косово на ордедни места снежната покривка достигна и до половина метар, а лизгавите коловози го отежнуваат нормалното одвивање на сообраќајот. Во ридско-планинските реони на Гњилане непреодни делници има на неколку локални патишта.
Поради големите снежни наноси неколку патни правци во западниот дел на Босна и Херцеговина се целосно затворени за сообраќај, а на повеќе други е воведена забрана за движење на товарни возила.
Босанските медиуми наведуваат дека во југозападна БиХ се регистирани силни ветрови, кои го разнесуваат снегот и создаваат наноси на патиштата.
Во Хрватска, пак, поради силниот ветер забранет е сообраќај за камиони со приколки на патините правци од континенталниот дел на земјата кон Далмација, како и на дел од автопатот Загреб-Риека.
Поради силниот ветер, целосно е во прекин сообраќајот на една делница од автопатот А1, што го поврзува Загреб со Далмација, како и на неколку места долж Јадранската магистала.