Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ, во присуство на министрите за здравство на трите земји, денеска ќе одржат онлајн координативен состанок, по што ќе потпишат Меморандум за соработка со кој ќе се регулираат односите меѓу државите во услови на кризата предизвикана од Ковид-19.
Премиерот Зоран Заев преку видео врска ќе биде и домаќин и на потпишувањето на билатералниот договор помеѓу Албанија и Србија за слободно движење на нивните граѓани само со лични карти.
По потпишувањето на договорот ќе следат кратки обраќања на лидерите.