Во Солун денеска ќе се одржи четвртиот состанок на Високиот совет за соработка помеѓу Србија, Грција, Бугарија и Романија.
Тема на разговорите на српскиот претседател Александар Вучиќ, грчкиот премиер Алексис Ципрас, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и на романската премиерка Вјорика Данчила, како што информираа од кабинетот на српскиот пртеседател, ќе бидат посветени на инфрастркутурните проекти, во насока на меѓусебното поврзување на четирите земји и на целиот регион.
На претходниот состанок на Високиот совет што се одржа во април годинава, договорено е формирање на работна група на министрите за сообраќај, транспорт и комуникации со цел на конкретизирање на договорените проекти за Самитот Кина+16 кој ќе се одржи на 7 јули во Бугарија.
На третиот состанок на четворката во Букурешт разговарано е за автопатот Темишвар-Белград, автопатот низ Србија кон Бугарија и кон Македонија, модернизирање на железничкото поврзување меѓу четирите земји, зајакнување на дигиталната структура, енергетското и гасното поврзување преку Александропулос во Грција и Бургас во Варна и други проекти.
На состаноците на Високиот совет на четирите земји догворено е и дека претседелствувањето на Бугарија во првата половина од 2018 година и на Романија во 2019 година ќе биде „заедничко балканско“ председување со ЕУ.