Македонската боксерска репрезентација од денеска до недела ќе настапи на Балканското првенство во Анталија, Турција.
Репрезентација е во состав Јасин Љама, Гоце Јанески и Арсим Етеми. Водач и тренер на екипата е Скендер Јахиу.
Љама ќе настапи во категоријата 69 кг, Јанески во 75кг и Етеми во 81 кг. Овие тројца боксери настапија на Европското првенство во Минск оваа година.
Претставник на нашата држава на балканскиот шампионатот ќе биде и судијата Стефан Цубалевски.