Интер не успеа да ја помине групната фаза во Лигата на шампионите и на пролет ќе продолжи во второто по квалитет клупско натпреварување – Лига Европа. Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Лук Шоу на Твитер го исмеваше поранешниот соиграч Ромелу Лукаку.

– Добредојдовте! – напиша Англичанецот.

За потсетување, минатата сезона Лукаку играше за Манчестер јунајтед од каде летото си замина во Интер поради тоа што клубот не обезбеди учество во ЛШ.