Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше задоволен од играта на неговиот тим во натпреварот во Лигата на шампионите со Салцбург (2:0).

Според Германецот неговите избраници наметнале темпо кое домаќините не можеа да го издржат.

– Беше тежок натпревар, но покажавме тоа што го барав од мојот тим. Салцбург играше паметно, но ние создадовме одлични шанси. Во второто полувреме противникот веќе не можеше да се справи со интензитетот на играта што го наметнавме. Мојот тим играше без потценување на ривалот. Јас навистина го почитувам она што го прави Салцбург. Видовме колку се добри тие на натпреварите со Генк и Наполи, истакна Клоп.

Ливерпул како првопласиран во групата обезбеди пласман во плејофот на Лигата на шампионите.