Видео на кое е прикажан танц на банкар(к)и од Уни Банка во Скопје на социјалните мрежи стана вирално за кратко време по објавувањето.

Тие танцуваа пред експозитурата на нивната банка на плоштадот Македонија во Скопје.

– Дали го погледнавте нашето најново видео? Во него, 23 наши колеги танцуваат на познатиот светски предизвик #JerusalemaChallenge пред нашaта експозитура на Плоштад Македонија. 2020 е година која ќе биде запаметена по различни работи за секој од нас. Година, која што нè натера да сфатиме што е навистина важно. Споделуваме позитивна енергија и емоции, објавија банкар(к)ите во описот на видеото.

На социјалните мрежи има многу коментари за видеото.

– Ова доброволно или по службена должност?- гласи еден од многуте коментари.

Пред Нова година сличен танц за македонската публика приредија и социјалдемократките од СДСМ во Прилеп.