Бугарите бараат влегување во македонскиот Устав и ги засилуваат провокациите, како што беше поставувањето на бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје пред неколку дена.

Сега, како што објави порталот МКД, најавуваат „нова офанзива“ од 15 до 21 август за „чистење на спомениците во Скопје“.

„Фондација Македонија повторно го исчисти споменикот на Георги Делчев во Скопје“, пишува на фејсбук страницата на фондацијата.

Претседателот на фондацијата Виктор Стојанов на 11 август за бугарските медиуми даде изјава дека му бил забранет влезот во Македонија кога со „членови на фондацијата се спремале да исчистат споменик кој општината не го одржува соодветно“.

Стојанов сега повикува и други лица да му се приклучат затоа што деновиве планира и нови акции кои ќе ја шират нивната кауза.

„Фондацијата Македонија бара доброволци кои можат да патуваат во Македонија од 15 до 18 август. За 19, 20 и 21 август планираме неколку иницијативи и неколку наши групи ќе патуваат во Македонија. Ех, Скопје, Скопје. Уште ништо не си видел“, се дел од пораките на фејсбук страницата на „Фондација Македонија“.

Оваа група неодамна се пофали дека низ Скопје залепиле 10.000 налепниците на кои пишувало дека „сме еден народ со Бугарите“.

Видеото може да го отворите ТУКА.