Адвокатите на осудените за упадот во Собранието на 27 април 2017 година поднеле барање до Врховниот суд за вонредно преиспитување на правосилната пресуда.
Предметот е испратен за мислење до Републичкото обвинителство.
– Станува збор за обемен предмет и по целосно проучување на сите факти, Јавното обвинителство ќе достави соодветен одговор, потврдил Јавниот обвинител Љубомир Јовески.
Последниот збор го има Кривичниот совет на Врховниот суд кој ќе одлучува по вонредното преиспитување.