Владата доставила барање до Општина Центар од новиот детален урбанистички план Мал ринг да биде избришана маркичката на Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза.

Работната група за проектот „Скопје 2014“, која ја формира Владата на СДСМ по доаѓањето на власт во 2017 година, за овие два објекта кажа дека биле дивоградби.

Од Општина Центар за порталот СДК велат дека за време на јавната анкета за Деталниот урбанистички план добиле барање и од Владата да се избришат овие два објекта. Сега чекаат одговор од Министерството за култура, под чија надлежност се тие објекти, дали се согласуваат и тие со ова барање, по што ќе може да бидат тргнати од планот.

Ваквото барање на Владата е спротивно на претходната одлука, со која побара од Министерството за култура споменикот на Мајка Тереза да се пренамени.

Како што е познато, на Палата Македонија, во екот на популистичките мерки од Владата на СДСМ, премиерот Зоран Заев вгради електронски бројчаник кој ќе ги брои парите што ќе им бидат одземени на криминалците и ќе им бидат вратени на граѓаните.

Бројчаникот, кој е поставен пред неколку години, стои на нула. А ако падне Палата Македонија ќе мора да падне и „бројчаникот на Заев“, кој досега им изброја и врати на граѓаните нула денари.