Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е негативен на корона вирусот на последното тестирање.

Иако пред само два дена, фудбалерот на Леванте имаше повторно позитивен тест, но тренираше индивидуално, сега таа пречка е мината, тој може колективно заедно со колегите од репрезентацијата да тренира заедно.

Веќе за осум дена го играме првиот натпревар на ЕП, а селекторот Ангеловски ќе биде тој кој ќе процени дали Барди е потполно фит и дали ќе може да го искористи за првиот меч против Австрија или пак ќе го темпира за мечот со Украина на 17-ти јуни.