Македонската ракометна репрезентација го заврши својот настап на светското првенство во Египет, откако денеска на последниот натпревар од второто коло против екипата на Белорусија доживеа уште еден пораз.
Нашите ракометари имаа одличен старт на натпреварот и на полувреме заминаа со нерешен резултат 14:14, а по паузата репрезентативците на Белорусија беа подобри и се изборија за победа од 30:26.
Ова беше трет последователен пораз за нашите ракометари во второто коло од светското во Египет и значи крај на настапон на Македонијана ова светско првенство.