Барселона продолжува да работи на трансферот на фудбалерот на Јувентус, Алваро Мората. Потпишувањето на нов напаѓач е приоритет на главниот тренер на каталонскиот клуб и покрај желбата да се засили на други позиции.
Барселона остана без крилниот напаѓач Ансу Фати, кој поради повреда ќе пропушти најмалку 2,5 месеци.
Токму ангажманот на Мората е главна опција за Барса, но самиот Чави знае колку тешко ќе му биде клубот да си дозволи плата на играч на Јувентус.
Барселона ќе се обиде да го растовари платниот список доколку има напредок во преговорите за трансфер на Мората.
Претходно беше објавено дека Јувентус немал намера да го пушти Шпанецот, но трансферот на Душан Влаховиќ од Фиорентина може да влијае на промена на позицијата кај шефовите на „бјанконерите“.