Шпанскиот фудбалски шампион Барселона донесе одлука да ги прекине преговорите со Пари Сен-Жермен за евентуален трансферот на напаѓачот Нејмар, пренесува „Спорт ес.“.

Ова се објаснува со однесувањето на францускиот клуб кој наводно поставил неприфатливи услови.

Останува да се види дали другиот заинтересиран клуб, Реал Мадрид ќе успее да с едоговори со ПСЖ за бразилскиот фудбалер.

Се очекува одлуката за трансфер на Нејмар да биде донесена пред крајот на оваа недела.

Во сезоната 2018/19 година, 27-годишниот Бразилец одигра 28 натпревари за ПСЖ, постигна 23 голови и забележа 13 асистенции.

Парискиот клуб го купи Нејмар од Барселона во 2017 година за 222 милиони евра.