Интер има намера да и понуди на Рома 18 милиони евра за напаѓачот Един Џеко.

Трансферот може да се заврши во рок од 24 часа, објави „Спортмедиасет“.

Постои можност напаѓачот Мауро Икарди, кој нема иднина во клубот во Милано, да оди во спротивна насока.

Минатата сезона 33-годишниот Един Џеко настапи 40 натпревари за Рома, постигна 14 голови и забележа осум асистенции.