Барселона планира да започне разговори со Лионел Меси за продолжување на договорот, објави „ЕСПН“.
Каталонскиот клуб ќе му понуди на Аргентинец четиригодишен договор, и ако го исполни до крај, Меси ќе има 36 години.
Неговиот сегашен договор е до летото 2021 со можност за продолжување на 12 месеци.
Ако Меси ја прифати новата понуда, тоа ќе биде десеттиот договор со Барселона во неговата кариера.
Триесет и две годишниот Меси е дете на Барселона. Минатата сезона учествуваше во 34 натпревари од Ла Лига, во кои постигна 36 гола и асистираше за уште 13.