Шпанскиот фудбалски шампион Барселона е заинтересирана за напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг.

Според „Марка“, каталонскиот клуб е подготвен да се вклучи во борбата за играчот на репрезентацијата на Габон, кој ја разгледува можноста да го напушти таборот на „Топџиите“.

Исто така, Барселона ја разгледува опцијата за ангажирање и на Лаутаро Мартинез од Интер.