Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон формира движење Национален повик за Република и по тој повод тој вчера преку видео линк им се обрати на собирот во североисточниот шпански град Манреси.

Движењето е формирано со цел Пуџдемон, кој е во егзил во Белгија, да го задржи своето влијание во Каталонија.

Припадници на Движењето, според правилата, можат да бидат членови на политички партии.

Само една од трите каталонски партии кои се залагаат за сецесија го поддржуваат Движењето на Пуџдемон.