За Каталонците денеска ова е деветта победа по ред од почетокот на сезоната, со што актуелната генерација го собори рекордот поставен од екипата која беше предводена од Тата Мартино.
Аргентинскиот стручњак ја одведе Барса до осум победи по ред во сезоната 2013/14, но актуелниот тим го надмина тој резултат и ќе се обиде да ја продолжи серијата, поставувајќи тежок предизвик за идниот период.
Не помалку важно е што деветтата победа значи и израмнување на рекордот на шпанското првенство, откако досега само Реал Мадрид може да се пофали со девет победи по ред од почетокот на првенството.
Интересно е што Барселона може да стане рекордер доколку го победи токму Реал на претстојното „Ел Класико“ следниот викенд.




