Лидерот на албанската опозициска Демократска партија,Љуљзим Баша оценува дека Албанија се наоѓа на крстопат и оти е „неопходно земјата под итно да се ослободи од автократијата“.

Во интервју за словенечкиот весник „Дело”, дадено за време на неговиот неодамнешен престој во Љубљана, Баша вели дека автократското владеење во Албанија ја узурпирало целата власт.

-Токму поради оваа причина, Албанија мора да се промени од темел, понувајќи од организацијата во правосудството. Правдата не може да остане во желбите на владите, законот не треба да биде монопол на силните и богатите. Повеќе од една година не функционира Уставниот суд. Во Албанија постојат организирани кланови поврзани со Латинска и Севрна Америка,Азија па се до срцето на Европа, вели Баша.

На прашањето зошто криминалците откриле рај во Албанија и неговиот став околу борбата против организираниот криминал, Баша, вели дека пред се потребна е политичка волја.

-Криминалот секогаш оди онаму каде што јавните институции се слаби и каде политиката е подготвена да ги жртвува јавните добра за лични интереси. Таму каде што раководителите не размислуваат за инвестирање во образованието и здравството, се обидуваат да имаат целосна контрола над државата, полицијата и судството. Затоа, ние мора да инвестираме многу во зајакнување на државните институции и поттикнување на политичката конкуренција, вели Баша.

Ние,додава Баша, мора да го следиме патот кон Европската унија, што е аспирација на 95 отсто од Албанците и посочува дека таму може да се стигне само преку европскиот пат, а не со лаги, интриги и неприфаќање на правилата на демократија.

-Прво, ние мора да ги осудиме политичарите кои се поврзани со организираниот криминал а не да ги наградуваме,констатира Баша.

На прашањето која е пораката од протестите на опозицијата, тој одговара дека таа е многу едноставна – ја сакаме Албанија како цела Европа.

-Сакаме слободни избори, правна држава и правда еднаква за сите. Триесет години по колапсот на комунизмот, луѓето го гледаат фактот дека во Албанија нема правна туку заробена држава. Овој пат не од идеолошка тиранија, туку од автократска власт, која ја узурпира целата власт,- изјави Баша.

Во врска со идејата за обеднување на Албанците или „Голема Албанја“,Баша вели дека Албанија сака да влезе во Европската унија.

-Исто така, идентични аспирации има и Северна Македонија, Косово, Црна Гора и Србија. Затоа сум убеден дека сите Албанци во овие пет земји ќе бидат заедно како членки на ЕУ, оценува лидерот на албанската Демократска партија, Љуљзим Баша за словенечко „Дело“.