Услугата снабдување со топлинска енергија за грејната сезона 2022/2023 се фактурира согласно последната Одлука донесена од страна на Регулаторна комисија за енергетика донесена на 29.07.2022 година. Воедно Ве информираме дека Одлуката на Владата за субвенционирање е истечена на ден 30.04.2022 година, односно не постои правен основ за аплицирање на субвенции во авансните августовски фактури до потрошувачите.

Сакаме да истакнеме дека редовна пракса е фактурите во месеците кога не се испорачува топлинска енергија да се доставуваат до потрошувачите на крајот од тековниот месец, а рокот за плаќање на истите како и секогаш е на 21-виот ден во следниот месец.

Воедно ја информираме јавноста дека субвенциите кои БЕГ Снабдување ги пресметуваше во фактурите за топлинска енергија во месец февруари, март и април 2022 година во висина од 99,6 милиони денари согласно Одлуката на Владата сеуште не се исплатени, односно субвенцијата на потрошувачите на топлинска енергија до овој момент е на товар на компанијата, реагираат од БЕГ.