Штетата предизвикана од катастрофалната експлозија на пристаништето во Бејрут е над 15 милијарди долари. Тоа го соопшти либанскиот претседател Мишел Аун.

– Прелиминарните проценки за материјалната штета по експлозијата во пристаништето се над 15 милијарди американски долари, изјави претседателот вчера во телефонскиот разговор со шпанскиот крал Фелипе Шести.

Либанските обвинители ќе почнат со сослушување на министрите и поранешните министри за тоните нитрати амониум што ја предизвикаа смртоносната експлозија на 4 август.

Таа трагедија, покрај економската криза засилена од епидемијата на Ковид-19, предизвика силен гнев против либанската влада и доведе до оставка на владата.