Поранешниот потпретседател на ДУИ и дел од групата незадоволни околу Блерим Беџети во интервју за „ТВ Клан“ кажа дека оваа Влада не прави доволно за граѓаните на Македонија.

Бејта заедно со останатите од незадоволните бараат оставка на првиот вицепремиер Артан Груби затоа што сметаат дека не постигнал ниту еден успех.

– Не сме задоволни од работата на нашите министри, затоа побаравме одговорност. Оваа Влада не им служи на граѓаните. Кажете ми за еден успех на Груби како вицепремиер, затоа што јас не знам, кажа Бејта.

Тој го обвини Груби дека наместо да му помогне на локалните избори, се самопромовирал.

– Артан Груби беше гласен во мојата кампања, но тој се промовираше себеси, а не мене, јас бев кандидат на ДУИ, а не Артан Груби. Ве молам, не можете да му ги препуштите заслугите на Али Ахмети и ДУИ на Артан Груби, вели Бејта, кој директно ги обвини своите сопартијци за поразот во Гостивар.

– Некои функционери на ДУИ тајно работат да ме ослабат, не се ангажираа колку што треба и затоа загубив во Гостивар. Разговаравме за овие грижи, му кажав и на претседателот Али Ахмети.