Министрите на ДУИ се едни од поактивните и секојдневно даваме отчет пред граѓаните, еве како ова гостување, изјави министерот за економија и кадар на ДУИ, Крешник Бектеши за ТВ Канал 5. во денешното гостување во “Само интервју” на Канал 5 телевизија.

Бектеши во емисијата Само интервју го кажа ова како коменар на случувањата со „огнената група“ во ДУИ, која издејствува во партијата викендов да се одржи претседателство на кое министрите треба да дадат отчет пред членството.

Ахмети е водечки лидер во Македонија, додава Бектеши кој вели дека за него лично, но и за останатите не е проблем да даде отчет, особено не пред партиските структури.

Бектеши исто така додаде дека помина времето на носење извештаи по партиски штабови и дека денеска сите извештаи се носат во Собранието и функционерите таму даваат отчет пред граѓаните.