Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска изјави дека двојазични етикети на македонски и албански мора да производите.
„Не е фер во земја како с. Македонија да имаме на други јазици, а да немаме на српски, влашки, босански, турски и на ромски каде што се има можност.
А, согласно законот за употреба на јазиците, двојазични етикети со македонски и албански мора да има“, рече Бектеши како што пренесе.
Државниот пазарен инспекторат нема да ги проверува старите етикети и амбалажи дали се двојазични, но ќе има одговорност за сите нови набавки што ќе се направат во следниот период.
„Во нашата држава, инспекција според Законите за потрошувачи и за трговија, врши ДПИ. Јас имав состанок со новиот директор на Државниот пазарен инспекторат.
Во дел на залихите инспекторите нема да постапат затоа што веќе се набавени реклами, амбалажи, етикети, декларации…
За новите набавки сите наши трговци и компании набавките имаат задолжение да ги испечатат двојазично“ – рече министерот.