Државата ќе ги помага и газдите Албанци кои ќе вработат Македонец. Министерот за економија Бектеши тврди, државни пари ќе има за сите приватни фирми што ќе вработат лица од друга етничка припадност.

Мерката не е само за еден етникум, туку се однесува за сите приватни компании кои се управувани или се во сопственост на некој од една етничка заедница, а вработуваат лица од другите етнички заедници да бидат субвенционирани од страна на Владата. Не значи дека важи само за Албанци, Турци или Македонци. Значи дека секоја приватна компанија која е основана и раководена од Албанец ако вработува Македонец ќе биде поддржана од Владата и обратно. Тоа ќе биде направено на инклузивен начин за што повеќе да се зближат граѓаните, изјави министерот за економија Крешник  Бектеши.

Оваа мерка е дел од владината програма на ДУИ и во 4 годишниот мандат мора да се реализира, вели Бектеши. Но лично тој ќе се заложи да се обезбедат пари за да стапи на сила најдоцна до Нова година. Идејата прв ја обзнани вицепремиеот Груби, по што предизвика реакции во јавноста  дека е дискриминирачка и неприфатлива. Поделба на јавните пари по етничка линија не треба да има – смета и вицепремиерт Битиќи. Според него, професиналноста, а не етникумот треба да е клучот за  вработување и  доделување помош. Со сличен став излезе и бизнис секторот.