Кон крајот на мај можно е повторно да зачукаат свадбарските тапани, најави министерот за економија Крешник Бектеши, во синоќешното гостување во емисијата Клик плус на ТВ 21.

Тој не ја исклучи можноста кон крајот на идниот месец да бидат отворени рестораните за свадби.

– Верувам дека во разговорите кои ги имаме во рамките на Кризниот штаб, некаде кон крајот на мај треба да се дозволи и отворањето на рестораните за свадби имајќи го предвид и трендот на намалување на бројот на нови случаи со коронавирус, изјави Бектеши.

Рестораните за свадби повеќе од една година се веќе затворени, не се дозволени свадби и други поголеми семејни веселби поради пандемијата.

Засега се затворени и другите угостителски објекти поради третиот бран.