Во Белгија прекинаа со вакцинацијата на „АстраЗенека“ против Ковид-19 на лица над 55 години за најмалку два месеца, јавија локалните медиуми.

Причината е што се уште нема доволно податоци за тоа дали таа вакцина обезбедува заштита за старите лица. Европската агенција за лекови ја одобри вакцината пред една недела, наведувајќи дека исто така нема сигурни податоци за ефектите во таа возрасна група.

Белгиските власти размислуваат дали да ја користат оваа вакцина само за млади луѓе, за што е потребно промена на националниот распоред за имунизација. Се додава дека владата ќе нарача дополнителни четири милиони дози од вакцината Модерна, а испораките се очекуваат до крајот на јуни.

Според последните податоци во Белгија, речиси 286 илјади луѓе (3,03 проценти од населението) ја примиле првата доза на вакцина против вирусот. Најбавна имунизација се спроведува во Брисел, каде вакцините стигнаа до само 1,78 проценти од жителите на главниот град.