Германската компанија за продажба на билети за концерти и други настани „ЦТС Евентим“ има намера да ги условува сите што сакаат да одат на концерти со вакцинација против коронавирусот.

– Кога има доволно вакцини, и кога сите можат да бидат вакцинирани, тогаш на организаторите на настаните треба да им се даде можност да ја постават како услов вакцината за присуство на тие настани, изјави шефот на „Евентим“, Клаус-Петер Шуленберг.

Тој за економскиот весник „Виртшафтсвохе“ изјави дека неговата компанија веќе ги утврдила соодветните технички предуслови.