Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички се засили со белорускиот играч Александр Позњак

Дваесет и шестгодишниот дефанзивец Позњак игра на стоперската позиција, но одлично се снаоѓа и како лев страничен играч. Во Скопје доаѓа од белорускиот прволигаш Динамо Брест, а во кариерата настапувал и за Шахтјор Солигорск, Немам Гродно, Городеја. Тој е поранешен младински репрезентативец на Белорусија, а има еден настап и за сениорскиот национален тим.

– Веруваме дека Александр Познак, со оглед на квалитетот и на искуството, брзо ќе се вклопи во тимот на Работнички и ќе го подигне нивото во одбранбената линија. Тој веднаш се приклучи на тимот и ќе биде на располагање на тренерот Александар Влахо, соопшти клубот од „Градски парк“.

Работнички трет ден се наоѓа на подготовки во Охрид, а в среда ќе одигра пријателски натпревар против Ренова на кој се очекува да дебитира и новото засилување од Белорусија.