Дефанзивецот на Јувентус, Меди Бенатија го повика Пол Погба да се врати во Торино.

Францускиот играч од средниот ред денеска ќе се соочи со поранешните соиграчи на натпреварот меѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед од групната фаза од Лигата на шампионите.

Погба објави фотографија на Инстаграм, под која Бенатија напиша: „Врати се дома“.

Дваесет и пет годишниот Французин веќе се соочи со Јувентус, но беше на поразената страна. Пред две недели, тимот на Макс Алегри го победи Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 1:0.

На вечерашниот натпревар победи Манчестер со 2:1 правејќи пресврт по водството на Јувентус од 1:0.