Карим Бензема не прави големи драми од неубедливите резултати во контролните на Реал Мадрид, но сепак беше задоволен од вчерашниот триумф над Фенербахче.
Французинот запиша „хет-трик“ од 5:3 и беше избран за играч на натпреварот, по што „белите“ завршија на третото место на „Ауди Купот“ во Минхен.
– Важно беше да се победи. На крајот на краиштата, овие натпревари треба да нè подготват за сезоната и да работиме напорно, па сигурен сум дека ќе бидеме во вистинска форма. Ние сакаме секогаш да победуваме, но не е така лесно, затоа продолжуваме да имаме тешкотии и да вложуваме напор. Се приближуваме до нивото, на кое сакаме да бидеме со секој изминат натпревар и со секој следен тренинг, но сепак треба уште некое време, додаде Бензема.
Тој повтори декатимот сè уште не е таму каде што треба да биде, но и дека ова наскоро ќе се промени.