Пауло Дибала, кој силно се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, се врати во Торино утрово.

Напаѓачот на Јувентус слета на локалниот аеродром во 10:30 часот, откако беше пуштен на подолг одмор, поради неговото учество во Копа Америка.

Тој се очекува денеска да се сретне со тренерот Маурисио Сари.

Не е тајна дека Јуве е во преговори со Јунајтед за размена на Дибала со Ромелу Лукаку. Според извештаите на медиумите во Италија, двата клуба се договориле, но самиот Аргентинец сè уште не се согласил за неговите лични услови.

Вчера „Сан“ напиша дека 25-годишниот фудбалер барал плата од 10 милиони долари, но тоа се видело премногу за клубот од „Олд Трафорд“.