Поранешниот претседател и премиер на Албанија, Сали Бериша, изјави дека премиерот Еди Рама се согласил со српскиот претседател Александар Вучиќ околу идејата за корекција на границите на Косово.
Според Бериша, Рама за ова разговарал со поранешниот премиер на Швеска, Карл Билд, на која тој изразил став дека е отворен за таквата идеа.
-Рама се догворил со Вучиќ за поделба на Косово. Поранешниот премиер на шведска Карл Билд потврди дека Едвин Кристаќ Рама се договорил со Александар Вучиќ и неговотите албанофобски аргументи во Приштина за поделба на Косово. На состанокот со Еди Рама тој рекол дека Рама е отворен за таквата идеа на Вучиќ. Албанската земја, заради капитуалцијата на Еди Рама е пред втора поделба, но сега не од големите сили, туку од албанскиот албанофоб кој во моментов е најголемата опасност за албанската нација“, изјави Бериша.