Поранешниот италијански премиер и актуелен сопственик на фудбалскиот второлигаш Монца, Силвио Берлускони, по 24 денови минати во болница поради компликации од коронавирус, е пуштен на домашна рехабилитација.
Берлускони (84) беше хоспитализиран на 6 април.
Поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Милан се зарази со коронавирус во септември минатата година, но откако оздраве здравствената состојбата му се искомпликува што наложи дополнително болничко лекување.